| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: 1 април за СДСМ ќе трае до 27 април

vmro-dpmne1_1– Денес е 1 април. Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ иако секоја година организра настани по повод овој ден, а со цел да потсети на лагите на СДСМ, оваа година одлучи да не го прави тоа. Овој пат не правиме никаков настан бидејќи настаните и настапите на СДСМ говорат за себе. Доволно се комични – велат од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа година, додаваат тие, овој ден и целиот овој месец граѓаните имаат можност да ги гледаат лагите на СДСМ на нивните митинзи и да ги читаат на нивните медиуми.

– Шеќеринска, Пендаровски и Заев, СДСМ ни ги претставува за нови лица. Ова е најголемата и најсмешната лага за оваа година. СДСМ прави комедија со себе. Ние им го посветуваме овој ден на нив со охрабрување да продолжат да не засмејуваат затоа што 1 април за СДСМ ќе трае до 27 април – коментираат младите од владејачкаа партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top