Претседателот Ѓорге Иванов лавовски се бори за интересите на Македонија, рече вечерва вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, на митингот во Струмица за поддршка на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
– Иванов чесно ја извршува својата функција. Тој како претседател лавовски се бори за Македонија – рече Ставрески, кој потенцираше дека Иванов го одликуваат особини како што се чесност, искреност и работливост, кои што посебно се ценети.
Ставрески изјави дека ако за некого важи девизата дека е човек од народот, тоа секако е Иванов. Тој потсети на говорот на Иванов од 2009 година во Обединетите нации кога претседателот изјави дека апсурдно е во 21 век некој да биде ословуван како поранешна република.
Заедно со премиерот, како што истакна Ставрески, се изборија за особено важни интереси на државата, како што е изградбата на автопатиштата во Македонија, приклучувањето кон „Јужен тек“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.