| четврток, 6 декември 2018 |

Северина ги отстрани силиконите од усните (ФОТО)

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ од неодамна ги замени старите импланти со нови, а по советот од естетскиот хирург ставила помалку „материјал“ отколку порано, пишува српски „Курир“.

Иако напумпаните усни претставуваа заштитен знак за Северина, таа, сепак, одлучи да ги намали.

severina-vuckovic-silikoni-zamena-1396214034-471099

– Севе направи корекција на силиконите во усните. Тоа е вообичаена процедура која се прави одвреме-навреме, со консултација на пластичен хирург. Кога го извади силиконот од горната усна, докторот ја советуваше да ја намали новата доза импланти, за усната да ѝ изгледа поприродно и поубаво – раскажува пријател за весникот.

Северина викендов беше дел од моден перформанс на белградската модна недела „Первол“ каде што ги промовираше новите усни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top