| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: За која правда ли говори Пендаровски, дали за онаа кога Црвенковски го амнестираше Заев за криминал од 8 милиони евра? (видео)

груевски струга

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никoла Груевски, од Гевгелија ги запраша нивните политички опоненти од СДСМ за која правда, слобода и еднаковост зборуваат пред граѓаните на Република Македонија, кога Пендаровски како шеф на ДИК ги легализирал и озаконил најсрамните фалсификувани избори во историјата на Македонија.

– Како не му е срам да зборува за правда, и да го прашам правда ли е или владење на правото тоа што тој како шеф на ДИК ги легализира и озакони најсрамните фалсификувани избор во историјата на Македонија, со полнење на кутиите, слобода ли е тоа што тој како претседател на ДИК ќе остане забележан што им ја одзма слободата на глас на граѓаните. Во 2005 година тој како шеф на ДИК воопшто не изреагира за острите притисоци што ги правеше СДСМ врз народот да не излегува да гласа – рече Груевски.

Груевски запраша дали според Пендаровски е еднаковост и тоа што не му се спротивставил на Бранко Црвенковски кога одби да го потпише законот за стечајците во 2006 година, со кој, како што рече Груевски, се решаваше еден горлив проблем.

– За која еднаквост на луѓето тие говорат и самиот Стево Пендаровски. За правда ли збори Стево, онаа правда кога Бранко Црвенковски го амнестираше Зоран Заев за криминал од 8 милиони евра, а Стево воопшто не се побуни. За правда ли збори Стево, за правда која ја разбира како Црвенковски, да амнестира и ослободи од затвор лица кои се осудени за изборни нерегуларности – запраша премиерот.

Тогаш Црвенковски, нагласи, ја злоупотреби својата позиција да амнестира луѓе кои добиле казна затвор заради изборни нерегуларности, полнење кутии и други учества во различни фалсификати, но граѓаните, рече Груевски, се сеќаваат на тоа.

За која правда, за која еднаковост и за која слобода зборуваат тие денеска. Тогаш ги немаше да кажат нешто за правда, слобода и за еднаквост, порача Груевски од  Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top