По историскиот успех на македонскиот шампион Вардар и победата над Хамбург со 30:29 на гостински терен, со што „црвено-црните” обезбедија пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, капитенот Филип Лазаров за противник во следната фаза го посака Металург.
– Дојдовме со мисла да победиме. Мислам дека многу ни помогна тоа што дојдовме два дена порано. Знаевме дека Хамбург игра послабо дома отколку на гости. Очекувавме да нè потценат, а нашата екипа беше многу мотивирана. Едноставно, одигравме неверојатно и заслужено се најдовме меѓу осумте најдобри екипи. Во четвртфиналето го сакам Металург, но најмногу поради тоа што на тој начин една македонска екипа ќе игра за првите четири. Ако не е Металург, тогаш посакувам да го добиеме Флензбург – изјави Лазаров за официјалниот сајт на РК Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.