Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ супериорно го освои Мастерс турнирот во Мајами победувајќи го во финалето Рафаел Надал со 2-0 (6-3, 6-3) во сетови.
Победникот во финалето во ниту еден момент не дојде до прашање бидејќи Ноле беше супериорен во секој сегмент од играта.
Единствената брејк топка Надал ја имаше во првиот гем од првиот сет, но и тогаш не успеа да ја освои. Ова беше најдобрата партија за србинот во 2014 година. Тој ја освои 43 титула во својата кариера и четврта на овој турнир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




