
Актуелниот претседател на државата, Ѓорге Иванов, кој ја трча трката за втор претседателски мандат, денеска продолжува да ја бара поддршката од граѓаните со митинзи во градовите од југоисточна Македонија.
Иванов денеска прво ќе ги посети жителите на Богданци, па потоа ќе одржи митинг во Дојран. Во 17.30 часот ќе одржи митинг во Демир Капија, додека поддршката од гевгеличани ќе ја бара во 20.30 часот.
Досега Иванов и „Тим Македонија“ посетија повеќе македонски градови во рамки на неговата предизборна кампања. Претседателот доби масовна поддршка од граѓаните каде што одржа митинзи.
Кандидатот за претседател на РМ, Стево Пендаровски, денеска, почнувајќи од 11 часот, ќе ги посети местата и градовите од струмичко-радовишкиот регион. Во 11 часот Пендаровски ќе оствари средба со жителите на с. Конче, а потоа во 11 часот и 40 минути ќе го посети с. Дедино. Во 12 часот и 15 минути претседателскиот кандидат ќе биде во Радовиш, каде што ќе се сретне со пензионери. Пендаровски низ прошетка во центарот на градот ќе се сретне и со младите од Радовиш.
Во 13 часот и 45 минути, Пендаровски ќе биде во Струмица. Посетата во Струмица ќе почне со прошетка низ центарот и средба со младите струмичани. Во 15 часот и 10 минути, претседателскиот кандидат ќе се сретне со граѓаните на с. Василево. Во 15 часот и 45 минути, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски ќе оствари средба во жителите на с. Градошорци. Во 16 часот и 30 минути, предвидена е средба со граѓани од Ново Село – Сушица. Во 16 и 55 минути, Пендаровски ќе има средба со граѓани во паркот на с. Ново Село.
Во 17 часот и 30 минути, Пендаровски ќе биде во Босилово, каде што ќе се сретне со граѓаните на с. Секирник. Во 17 часот и 55 минути ќе оствари средба со жителите на с. Босилово.
Во 20 часот ќе се одржи централниот настан во Струмица, каде што Пендаровски ќе се обрати на струмичани, но и ќе ги слушне нивните прашања, на кои ќе го даде својот одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


