Четиринаесет партии вчера до полноќ доставиле листи на кандидати за пратеници до Државната изборна комисија за парламентарните избори, кои ќе се одржат на 27 април.
Во рокот од 48 часа ДИК ќе утврди дали листите се доставени како што налага Изборниот законик, по што партиите ќе треба да ги поправат евентуалните недостатоци.
Листи за пратеници поднеле ВМРО-ДПМНЕ, Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Демократската унија за интеграции (ДУИ), ВМРО-НП, Демократската партија на Албанците (ДПА), Националнатa демократска преродба (НДП), ГРОМ, Коалицијата „Достоинство за Македонија“, Алијанса за позитивна Македонија, Партијата за европска иднина, Народното движење за Македонија, ПДП и Партијата за економски промени 21 и СДПМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.