На претстојното Изборно собрание на Друштвото на писателите на Македонија, на 5 април, ќе можат да гласаат 245 активни членови на оваа асоцијација. Списокот на зедничка седница го утврдија највисоките тела на ДПМ: Претседателството, Собранискиот одбор, Статутарната комисија, Комисијата за материјално-финансиска контрола и Судот на честа.
На седницата беше утврден предлог-деловникот за работа на Изборното собрание според кој ќе се избираат претседателот на ДПМ, членовите на Претседателството, претседателот на Собранието на ДПМ, членовите на Собранискиот одбор од 19 општини од земјата, како и членовите на другите тела на асоцијацијата. Предлог-деловникот, со евентуални дополнувања и измени, ќе биде усвоен од учесниците на Изборното собрание.
На заедничката седница на највисоките тела на ДПМ беше разгледан и едногласно усвоен извештајот на Комисијата за материјално-финансиска контрола во работата за периодот од 2010 до 2013 година. Комисијата констатира домаќинско и наменско трошење на средствата и висок степен на позитива во материјално-финансиското работење на Друштвото на писателите на Македонија во изминатите четири години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%