Според зборовите на Руд Гулит, актуелниот селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луј ван Гал ќе го преземе кормилото на Тотенхем по завршувањето на Светското првенство во Бразил.
– Мислам дека Ван Гал веќе се сретнал и се договорил со претседателот на Тотенхем Даниел Леви и тој од следната сезона ќе го води лондонскиот клуб – изјави Гулит за „Би-Би-Си“.
Претходно беше објавено дека на местото на Ван Гал на селекторската позиција по завршувањето на мундијалот во Бразил ќе седне Гус Хидинк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.