Луј Ван Гал е на чекор да стане нов тренер на Евертон. Англиските медиуми тврдат дека Холанѓанецот би требало да ја превземе клупата на „карамелите“ во следните неколку дена. Дејвид Ансворт е привремен тренер на клубот од 23. октомври, кога Роналд Куман доби отказ.
Ван Гал пак е без работа откако го напушти Манчестер Јунајтед во 2016. година. На „Олд Трафорд“ намногу го критикуваа поради досадниот фудбал на неговата екипа.
Во својата богата тренерска кариера, Ван Гал има водено гиганти како Ајакс, Барселона, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед како и репрезентацијата на Холандија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.