| четврток, 6 декември 2018 |

Надал: Знам како да играм за да го победам Ѓоковиќ

Покрај Новак Ѓоковиќ, кој во финалето на мастерсот во Мајами се пласираше без борба бидејќи Јапонецот Кеи Нишикори му го предаде мечот поради повреда, и Рафаел Надал не го одигра полуфиналниот меч бидејќи Томаш Бердих му ја предаде победата поради болки во стомакот.

Новак и Рафа во 40. меѓусебен дуел силите ќе ги одмерат в недела вечер, Ѓоковиќ ќе се обиде да дојде до својот четврти трофеј во Мајами, додека Надал ќе се обиде да дојде до првиот пехар.

– Само ако играм до крајните граници можам да го совладам Новак, а при тоа тој да не го игра својот најдобар тенис. Знам дека морам добро да сервирам и да бидам агресивен. Тој во финалето ќе влезе со многу самодоверба бидејќи неодамна го освои Индијан Велс – изјави Надал.

Во вкупниот резултат моментно најдобриот тенисер на светот има пет победи повеќе, односно во 39 одиграни меча 22 пати славел Надал, додека Ѓоковиќ 17.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top