| четврток, 6 декември 2018 |

Театарската претстава до Драмски за помош за СОС Детското село

Detsko село

Денес во Драмскиот театар – Скопје, ќе биде изведена хуманитарна претстава „Апел за…“ , а средствата собрани од продадените билети ќе бидат донирани за СОС Детското село.

Театарската претстава ќе биде изведена од средношколци и студенти кои преку оваа претстава ќе го кренат својот глас против дискриминацијата, насилството и говорот на омраза. Учесниците во претставата се поранешни и сегашни членови на ДКЦ „С’клет“ при средното училиште на Град Скопје „Георги Димитров“.

Претставата е организирана од страна на PTPI Скопје-Macedonia Community Chapter, во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Драмскиот театар.

Креирана е во рамките на инцијативите на Националната кампања против говор на омраза, чиј национален координатор е Агенцијата за млади и спорт и е дел од активностите во Неделата за борба против расна дискриминација.

Билетите за претставата се во претпродажба на билетарницата на Драмскиот театар, по цена од 100 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top