| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓе Иванов порача од Прилеп: до крајот на годината ќе се создадат услови за уште 10.000 нови работни места

Македонскиот претседател и кандидат за истата функција, Ѓорѓе Иванов, вечерва одржа масовен митинг пред прилепчани. Тој истакна дека до крајот на годината ќе се создадат услови за уште 10.000 нови работни места.

-Европа ја градиме во Македонија со секоја нова реформа, нов закон, со секое ново работно место. На ниво на Македонија се отворени 120.000 нови работни места. До крајот на годината ќе се создадат услови за уште 10.000 нови работни места. Напорно работиме да продолжиме со овој тренд за граѓаните да можат да работат и да заработуваат пристојна плата. Нови можности за младите да работат, да формираат семејства, и да ја планираат иднината на своите деца. Веќе е изградена Технолошко-индустриската развојна Зона Прилеп за која ќе привлекуваме нови странски инвестиции, рече Иванов.

Тоа значи, како што посочи, нови работни места за Прилепчани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top