Тринаесетгодишната Босанка ни по завршувањето на „Икс-фактор“ не престанува со коментарите околу целото шоу. Откако Илма Карахмет испадна во последните елиминации пред суперфиналето, својот бес го истури во медиумите.
– Ти благодарам Емина, имаш твои деца и да даде Бог да те усреќат колку што ме усреќи ти мене – со овој коментар почна Илма.
Следно, во интервју за „Анадолија“ изјави дека голем број на лоши кандидати влегле во финалето, а подоцна и не се појави на концертот на нејзиниот ментор Кики Лесендриќ во Тузла.
Шоуто заврши, а Илма продолжи со коментарите.
– Не разговарав со Емина, таа работи, но ја сретнав на финалето и не сакаше ниту да ме погледне, што многу ме погоди. Со Кики разговарав и тој е, исто така, разочаран – изјави Илма во шоуто „Ами Џ“ на Огнен Амиџиќ, додавајќи дека е разочарана што пеела пред такво жири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)