| четврток, 6 декември 2018 |

Илма: Разочарана сум што пеев пред такво жири (ВИДЕО)

Тринаесетгодишната Босанка ни по завршувањето на „Икс-фактор“ не престанува со коментарите околу целото шоу. Откако Илма Карахмет испадна во последните елиминации пред суперфиналето, својот бес го истури во медиумите.

– Ти благодарам Емина, имаш твои деца и да даде Бог да те усреќат колку што ме усреќи ти мене – со овој коментар почна Илма.

Следно, во интервју за „Анадолија“ изјави дека голем број на лоши кандидати влегле во финалето, а подоцна и не се појави на концертот на нејзиниот ментор Кики Лесендриќ во Тузла.

Шоуто заврши, а Илма продолжи со коментарите.

– Не разговарав со Емина, таа работи, но ја сретнав на финалето и не сакаше ниту да ме погледне, што многу ме погоди. Со Кики разговарав и тој е, исто така, разочаран – изјави Илма во шоуто „Ами Џ“ на Огнен Амиџиќ, додавајќи дека е разочарана што пеела пред такво жири.

ilma

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top