Деновиве, откако почна кампањата, гледам еден друг човек, исто така професор, кој се обидува да ги придобие симпатиите на граѓаните. Повеќето не го познаваат, но се сеќаваат бледо како низ магла на некои негови постапки и слушаат дека противкандидатот за претседател на Репбулика Македонија, Стево Пендаровски, излегува пред граѓаните, пред оние малкумина што излегле да видат дали има нешто да каже, и зборува за владеење на правото, рече Јанкулоска на денешниот митинг во Свети николе, каде што ВМРО-ДПМНЕ го претстави својот кандидат Ѓорге Иванов.
Таа додаде дека најчестите зборви во неговиот говор се еднаквост, слобода, правда и истакна дека Стево Пендароски нема право да ги користи тие зборови кога самиот не ги почитувал во минатото.
– Но, народот е мудар! Народот точно знае кој што правел во минатото и точно може да процени. И веднаш си поставува прашања, зарможе да зборува за правда и за владеење на правото Стево Пендаровски, кој е човекот кој ги легитимираше криминалните избори каде што Бранко Црвенковски ја узурпираше позицијата претседател. Зар може да зборува за правда и валдеење на правото оној кој заедно со неговиот ментор Бранко Црвенковски ја направи катастрофалната територијална организација, единстевната политичка постапка во која граѓаните, наместо да се повикуваат да излезат и да кажат што мислат, беа обесхрабрувани да го искористат своето демократско право – додаде министерката Јанкулоска.
Јанкулоска праша дали е слобода кога се повикуваат граѓаните на бојкот, кога им забрануваат на луѓето да се изјаснат, кога им кажуваат кои прашања залужуваат одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.