Владата на Република Македонија денес одржа седница на која се разговараше за неколку теми од областа на економијата.
Во вестите на Сител гостуваше портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев.
-Согласно законските прописи визави изборите ние разговараме за повеќе проекти кои се од интерес за стопанството, но проекти кои што се започнати во текот на минатата година или пак, во првиот месец од оваа година и сега ги согледуваме извештаите за нивниот напредок. Над 100 точки беа разгледувани, поголем дел од нив беа економски проекти. Би ги издвоил носењето на странски експерти во домашните компании, разгледувањето на почетокот на проектот каде што домашни менаџери ќе одат во странство за тие да работат таму во странски компании за да собираат искуства, како и посетите кои ги прават двата тима предвидени од владините вицепремиери кои одат, посетуваат компании, да ги согледуваат нивните идеи, предизвици со кои се соочуваат и реферираат на Владата за да видиме како можеме да помогнеме во иднина, рече Ѓорѓиев.
Владиниот портпарол говореше и за успешноста на проектот преку кој странски експерти доаѓаат во македонските компании, за со своето искуство да помогнат во зголемување на профитабилноста на проектот.
-Овој процес го воведовме пред околу 2 години и тој се спроведува периодично, на секои шест месеци. Тимовите кои се составени од функционери од определени области одат директно во компаниите, разговараат со нив околу определени предизвици со кои се соочуваат компаниите, околу некои идеи кои тие ги имаат. Конкретно, ние ги разгледувавме оние предизвици со кои се соочуваат компаниите, а се визави определени проблеми од имотно-правен карактер. Многу прецизно, многу детално, Владата изготви поголем број на упатства кон институциите кои се во ингеренција на државната власт, приоритетно да постапи, кон решавање на сите овие предизвици. Во прв ред, тука станува збор за Управата за имотно-правни односи, катастарот, преку соработка со општините. Очекуваме сите овие упатства кои ги имаме дадено до институциите, самите институции да побараат мислење од Антикорупциската комисија, дали можат да ги превземат сега или после изборите, рече Ѓорѓиев за Сител.
Целото гостување погледнете го во видеото во продолжение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.