| четврток, 6 декември 2018 |

Објавени први фотографии од Чавез по операцијата

Властите во Венецуела денеска за прв пат објавија фотографии од претседателот Уго Чавез по операцијата на Куба од пред два месеци.

На фотографиите се гледа 58 годишниот претседател кој лежи насмеан во болнички кревет, а до него се двете ќерки Роза и Марија. Чавез в раце држи вчерашен број на кубанскиот весник Гранма како доказ дека фотографиите не се стари.

Последен пат венецуелскиот претседател се појави во јавноста на 11 декември кога замина на Куба на четврта операција од тумор. Властите решија да објават негови фотографии поради се позачестените шпекулации за неговата лоша состојба. Министерот за информации на Венецуела Ернесто Виљегас денеска изјави дека претседателот дише со помош на цевче поради што му е отежнат говорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top