| четврток, 6 декември 2018 |

Компанија од Малта бара работници во Македонија

6 pm

Компанијата „6 ПМ“ од Малта бара лица што би ги вработила, а би ги продавале нејзините производи на овие простори. Се работи за една од најголемите ИТ  компании, која има свои канцеларии во Малта, Велика Британија и во Македонија, а овозможува ИТ сервисни решенија за Бритиш Ервејз, Кап Гемини, Локалната власт на Велика Британија, Велика Британија, Национален здравствен сервис, ВБ телеком, Фуџитсу и Водофон.

– Со агресивна експанзија во последните четири години и имплементирање продукти во Велика Британија, сега имаме потреба за нова бизнис продажна улога во Македонија, како би ги донеле нашите продукти на Балканот – информираат од компанијата.

Кандидатите би требало да имаат петгодишно искуство во продажба, течно да зборуваат и пишуваат англиски, да имаат искуство во менаџирање на трговски партнери, да демонстрираат ентузијазам.

Кратка биографија да се испрати на vacancy@6pmplc.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top