| четврток, 6 декември 2018 |

Додовска: Заев и Шекеринска не се подготвени да излезат на мегдан

dodovska_web

Зоран Заев и Радмила Шекеринска избегаа од дуел со Никола Груевски, а тоа, според познавачите на состојбите, покажува дека на новото раководство на СДСМ му е јасно дека ќе се соочат со пораз.

Според експертите, во развиените демократии е реткост лидер на опозиција да не се кандидира за пратеник.

– Без кормило, насоката за социјалдемократите е некаде на некое беспаќе. Ниту Заев, ниту Шеќеринска, ниту, пак, кој било од потесното раководство не е подготвен да излезе на мегдан, да ги покаже своите вистински капацитети и да потврди или да го негира она што цело време го покажуваат рејтинг-листите. Тоа е дека немаат речиси никаков авторитет меѓу граѓаните во Република Македонија и дека не поседуваат капацитет за какво било раководење на државата – изјави за ТВ „Алфа“ универзитетската професорка, Иванка Додовска.

Експертите, објави телевизијата, посочуваат дека во Велика Британија, Франција или Германија, доколку првиот човек на опозицијата не се канидидра, тоа ќе биде голем скандал и членството ќе бара оставка од него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top