| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионот Маркез со победа ја стартуваше новата сезона

Младиот шпански мотоциклист Марк Маркез кој е актуелен шампион во МотоГП шампионатот на стартот на новата сезона во Катар се радуваше на уште една победа во својата кариера. Тој стартуваше од пол поцизијата иако имаше лоши тестирања со новиот мотор по скршеницата на ногата во февруари.
Тој трката ја заврши со време од 42:40.561 и за само две стотинки беше побрз од второпласираниот Валентино Роси. На третото место се пласираше клупскиот колега на Маркез, Дани Педроса.
Еден од најголемите конкуренти за титулата Хорхе Лоренцо по фантастичниот старт по само неколку метри од петтата стартна позиција успеа да се пробие на првото место не ја заврши трката по падот во четвртиот круг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top