По деталниот медицински преглед, утврдено е дека Дибиров при дуел со противничкиот играч Хенс доби удар во пределот на левото око, при што е предизвикано пукање на крвен сад и крвавење во предната комора, како и во задниот дел на окото.
Моментално крвавењето е повлечено, по што Тимур е пуштен на домашно лекување кое ќе трае една недела, а потоа ќе бидат направени дополнителни прегледи за состојбата на неговото око. Сигурно е дека по завршување на домашното лекување ќе следува пауза од најмалку две недели за да не дојде до повторно пукање на крвниот сад, што би можело да предизвика дополнителни компликации.
– Во моментов нашиот ракометар се чуствува одлично и веќе ја напушти болницата. Според последните лекарски извештаи, следува пауза во периот од три недели, а тоа значи дека Дибиров нема да може да настапи на реванш дуелот против Хамбург, но за нас како клуб е најважна неговата здравствена состојба. Му посакуваме побрзо заздравување и враќање на терените во завршниот период од сезоната – изјави директорот на клубот, Давор Стојаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


