Навивачката група „Комити“ излезе со соопштение во писмена форма, во кое се наведуваат причините зошто не се најдоа на трибините во СЦ „Борис Трајковски.
Велат на голема жалост на сите љубители на спортот не биле присутни на ракометниот натпревар РК Вардар– Хамбург.
– Имено управата на рк Вардар на ниту еден начин не ја контактираше ниту консултираше навивачката група и донесе контрапродуктивна одлука која незамисливо ја соошти до нас преку Фејсбук. Имено во истата не извести дека на натпреварот со Хамбург ќе бидат легитимирани сите членови на навивачката група наводно поради задоволување на законските прописи, попрецизно законот за спречување на насилство на спортските терени. Членот 10 го пропишува следново „доколку натпреварот е пријавен за натпревар од висок ризик во тој случај секоја карта се купува со лична идентификација и еден човек неможе да купи повеќе од 5 карти”. Сепак овој евтин блеф не помина кај навивачите и јасно е дека Вардар неосновано се повика на истиот, легитимирањето според прописите може да биде извршено за време на купување на билетот од лица правно легитимни за истото, а не на самиот влез пред самиот почеток на натпреварот од страна на непознати лица. Сметаме дека ова беше само лош начин да се заплашат нашите членови и истите да се легитимираат за непознати цели – велат Комитите.
Понатаму додаваат дека се свесни дека натпревари од висок ризик се натпревари во кои обично има гостински навивачи (што не беше случај на овој натпревар) и дека сите добро знаат кој одлучува кој натпревар е од висок ризик а кој не. Поради тоа не им е јасно зашто Вардар свесно ги избркал своите навивачи
– Ние на повеќе наврати сме истакнале дека законот за спречување на насилство на спортските терени не го признаваме и не го почитуваме, бидејќи истиот е само препис без примена. Ние како и секогаш сме спремни секаде да го пратиме Вардар и секогаш да бидеме додатен играч надвор од теренот, затоа и останавме зачудени од оваа одлука на управата и се надеваме дека истата во иднина нема да се повтори – стои во соопштението, а на крај додаваат:
Честитки до ракометарите на РК Вардар за одличното издание денеска и се надеваме со храбра игра на добар резултат и во Германија! ЌЕ СТРАДАМЕ АМА НЕ СЕ ПРЕДАВАМЕ!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.