| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните донираат за трите алтанчиња и за нивните другарчиња (фото)

park1

Иако првичната акција беше насловена „за помош на трите сестрички“ масовноста на одѕивот го натера организаторот на овој хумантитарен настан да ја прошири акција, која ќе донесе насмевка на повеќе детски лица. Хуманите луѓе денеска во парк собираат помош за сите дечиња од домот „11 Октомври“ во Скопје – алишта и играчки за сите возрасни групи како за девојчиња, така и за момчиња.

park2

Пунктот е во паркчето кај Форум на Рекорд (кај Водовод), а сѐ уште имате време да ја покажете својата хуманост. Акцијата трае до 15 часот.
park
Облеката е најкоректно да биде испрана и спакувана, и ве замолуваме да биде сортирана дали е за момчиња или девојчиња, со цел побрзо да им биде доставена во домот. Дечињата во моментов го имаат само домот и – нас. Па, let’s make it happen – посочи организаторот.

Фото: Фејсбук

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top