
Зоран Заев покажа како изгледа виткање на кичма пред некого, велат од ВМРО-ДПМНЕ по повод објавените СМС пораки кои Заев му ги праќал на Мендух Тачи.
– Овие пораки покажуваат како СДСМ планира да ја витка кичмата. Ни беше срам и имавме огромно чувство на непријатност кога ги читавме овие СМС пораки. Вакво недостоинство досега не покажал ниту еден политичар, па ниту Тито Петковски – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните ќе знаат што значи виткање на кичма и кои политичари СДСМ ги нуди за клучните позиции во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


