Секој ден во Европа од туберкулоза заболуваат околу илјада луѓе. Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Светската здравствена организација (СЗО) велат дека вкупниот број случаи на туберкулоза во Европа се намалил за околу пет проценти годишно, но загрижуваат проблемите со дијагностиката и лекувањето на туберкулозата. Експертите додаваат дека поради тоа е под знак прашање и целта за искоренување на туберкулозата до 2050 година.
Според достапните податоци, туберкулозата отпорна на лекови во Европа е присутна кај најмалку 76.000 лица, при што повеќе од половината заболени немаат точна дијагноза, а помалку од една третина примаат ефикасна терапија.
СЗО проценува дека до 2015 година околу два милиона луѓе во светот ќе бидат заразени од туберкулоза отпорна на лекови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)
-
Во Австралија беснее грип поопасен од свинскиот – се шири и кон Европа