| четврток, 6 декември 2018 |

Илјада Европејци дневно заболуваат од туберкулоза

tuberkuloza

Секој ден во Европа од туберкулоза заболуваат околу илјада луѓе. Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Светската здравствена организација (СЗО) велат дека вкупниот број случаи на туберкулоза во Европа се намалил за околу пет проценти годишно, но загрижуваат проблемите со дијагностиката и лекувањето на туберкулозата.  Експертите додаваат дека поради тоа е под знак прашање и целта за искоренување на туберкулозата до 2050 година.

Според достапните податоци, туберкулозата отпорна на лекови во Европа е присутна кај најмалку 76.000 лица, при што повеќе од половината заболени немаат точна дијагноза, а помалку од една третина примаат ефикасна терапија.

СЗО проценува дека до 2015 година околу два милиона луѓе во светот ќе бидат заразени од туберкулоза отпорна на лекови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top