| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ кандидира туѓ кандидат

Си­те сон­да­жи на јав­но­то мне­ние по­ка­жу­ва­ат де­ка овие из­бо­ри не­ма да из­не­драт не­ка­кво из­не­на­ду­ва­ње или но­ва со­стој­ба во ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка сце­на, ба­рем што се од­не­су­ва до тоа кој е на власт, а кој во опо­зи­ци­ја. Ду­ри и по­зи­ци­ја­та на ре­мор­кер, ко­ја опо­зи­ци­ска­та СДСМ ќе му ја на­мет­не на сво­јот кан­ди­дат за пре­тсе­да­тел, не­ма да им ја по­до­бри мно­гу сли­ка­та на по­ли­тич­ка­та ма­па. Но, за­тоа мо­же мно­гу да ја из­ме­ни по­зи­ци­ја­та во СДСМ. Осо­бе­но што таа уло­га му ја до­де­ли­ја на чо­век од ту­ѓа пар­ти­ја

Ис­пи­ту­ва­ња­та на јав­но­то мне­ние са­мо ги по­твр­ду­ва­ат стра­во­ви­те на СДСМ де­ка на овие из­бо­ри ги че­ка нов по­раз, а со тоа и но­ви вна­тре­пар­ти­ски прес­ме­тки. Отка­ко пар­ти­ска­та про­гра­ма, ко­ја ни­ко­гаш не се по­ја­ви во це­лост, не го да­де оче­ку­ва­ни­от ефект, се­га се на­де­ва­ат де­ка кан­ди­да­тот за пре­тсе­да­тел Сте­во Пен­да­ров­ски ќе ја за­вр­ши ра­бо­та­та за це­ла­та пар­ти­ја.

Но, си­те ана­ли­зи по­ка­жу­ва­ат де­ка без ог­лед на тоа кој е кан­ди­дат на пар­ти­ја­та, со ва­ков ба­гаж, на гра­ни­ца на чу­до е за тол­ку кра­ток вре­мен­ски пер­и­од да се сме­ни пер­цеп­ци­ја­та на еле­кто­ра­тот за пар­ти­ја­та.

– Пен­да­ров­ски мо­же да го про­ме­ни ими­џот на СДСМ со сво­јот ин­те­гри­тет, ста­во­ви и со сво­ја­та пре­зен­та­ци­ја на спо­соб­но­сти за упра­ву­ва­ње др­жа­ва, но не­ма да ус­пее да на­пра­ви дра­стич­на про­ме­ни во од­нос на зго­ле­му­ва­ње на бро­јот на гла­са­чи за СДСМ – ве­ли ана­ли­ти­ча­рот Жи­дас Да­ска­лов­ски.

Осо­бе­но што во овој пер­и­од из­ле­гу­ва­ат на ви­де­ли­на но­ви афе­ри што се по­вр­зу­ва­ат со ра­ко­водс­тво­то, во кое, пак, не се пре­поз­на­ва­ат по­тен­ци­јал­ни сим­па­ти­зе­ри или чле­но­ви на оваа пар­ти­ја. Исто­вре­ме­но се вне­су­ва и не­мир и ре­волт во пар­ти­ја­та, што, пак, се одра­зу­ва на мо­ти­ва­ци­ја­та на тие што тре­ба да тр­ча­ат зад пар­ти­ја­та и зад кам­па­ња­та.

– Иа­ко е факт де­ка до­де­ка е ВМРО-ДПМНЕ е на власт, СДСМ има не­кој ре­зер­во­ар гла­со­ви на тие што се не­за­до­вол­ни, кои би за­вр­ши­ле на нив­на сме­тка, но на­чи­нот на кој се во­ди ка­дров­ска­та по­ли­ти­ка во пар­ти­ја­та, ка­ко и на­чи­нот на кој ја во­дат по­ли­ти­ка­та ко­га се на­о­ѓа­ат во по­зи­ци­ја на моќ, ги од­би­ва по­тен­ци­јал­ни­те ид­ни чле­но­ви и акти­ви­сти – до­да­ва ана­ли­ти­ча­рот Иви­ца Бо­цев­ски.

Де­ка по­сто­јат не­сог­ла­су­ва­ња и со но­во­то ра­ко­водс­тво по­ка­жу­ва и тоа што не дој­доа си­те кан­ди­да­ти за без­ре­зерв­но да го под­др­жат из­бо­рот за кан­ди­дат на тоа ра­ко­водс­тво. А тоа не е по­вр­за­но со име­то на кан­ди­да­тот, ту­ку со пар­ти­ски­те стру­кту­ри. За­тоа е ле­ги­тим­но да се раз­мис­лу­ва што ќе се слу­чи ако Пен­да­ров­ски по­стиг­не не­кој зна­чи­те­лен ре­зул­тат и да­ли тоа ќе му овоз­мо­жи да до­бие не­ко­ја по­го­ле­ма уло­га во СДСМ?

 

За­ев во сен­ка, но­ми­на­ци­ја­та „гра­ѓан­ска вој­на“

И по це­ли се­дум го­ди­ни во опо­зи­ци­ја СДСМ не се снај­де во таа уло­га. Но­во­то ра­ко­водс­тво не вос­по­ста­ви цвр­сти ре­фор­ми за ста­би­ли­зи­ра­ње на пар­ти­ја­та и ме­сто отво­ре­ност кон јав­но­ста, се за­тво­ри зад три ли­ка, ако се изо­ста­ви глас­но­го­вор­ни­кот. Та­ка, гла­са­чи­те не­ма­ат јас­на прет­ста­ва кој би се­дел во ид­на­та власт, ко­му да му ја да­дат до­вер­ба­та. Пар­ти­ја­та има со­ве­ти за опре­де­ле­ни пра­ша­ња, кои ги ра­ко­во­дат пар­ти­ски вол­ци ка­ко Илин­ка Ми­тре­ва, Ми­рос­лав Гр­чев, Мар­га­ри­та Ни­ко­лов­ска – Ца­ца, па и Ли­ди­ја Ди­мо­ва, Са­фет Би­ше­вац, Лен­че Ни­ко­лов­ска, но ка­ко да се др­жат по­да­ле­ку од очи­те на јав­но­ста.

Кон­цеп­тот на та­ка­на­ре­че­на вла­да во сен­ка не про­функ­ци­о­ни­ра во СДСМ, иа­ко е пра­кти­ка во по­го­ле­ми­от дел за­пад­ни де­мо­кра­тии. Но, при­чи­на­та за тоа не ле­жи са­мо во не­до­сти­гот од ка­дри – што се по­ка­жа при ба­ра­ње­то кан­ди­дат за пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри – ту­ку и во тоа што та­кви­от из­бор ќе отво­ри „гра­ѓан­ска вој­на“ во пар­ти­ја­та.

Та­кви­от кон­цепт до­пол­ни­тел­но ќе ја раз­ни­ша по­зи­ци­ја­та на Зо­ран За­ев, кој ни­ка­ко не мо­же да из­ле­зе од сен­ка­та на Цр­вен­ков­ски, па и од сен­ка­та на Ше­ке­рин­ска. Ту­ка ба­лан­си­ра и пра­ви ком­про­ми­си ме­ѓу си­ли­те во пар­ти­ја­та. И во та­кви ус­ло­ви тој не до­би­ва мож­ност да ја по­ка­же автен­тич­ност, а не, пак, да про­мо­ви­ра свој вла­дин тим, сме­та ана­ли­ти­ча­рот Иви­ца Бо­цев­ски.

– Очиг­лед­но, За­ев има не­ко­ја автен­тич­ност за да би­де ре­из­бран за гра­до­на­чал­ник на Стру­ми­ца ду­ри и во ус­ло­ви ко­га ВМРО-ДПМНЕ е не­при­кос­но­ве­на на те­ри­то­ри­ја­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Но таа автен­тич­ност ни­ка­ко да дој­де до израз во СДСМ. Исто­вре­ме­но, са­ка да пра­ви ком­про­мис и со кри­ло­то на Бран­ко Цр­вен­ков­ски и со скоп­ско­то сно­би­стич­ко кри­ло око­лу Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска. И во тој про­цеп За­ев се гу­би ка­ко лик, а со тоа и ти­мот што би го про­мо­ви­рал. По­зи­ци­о­ни­ра­ње­то во пар­ти­ја­та му од­зе­ма мно­гу енер­ги­ја и тоа оне­воз­мо­жу­ва да ви­ди­ме ка­ква би­ло про­ме­на – оце­ну­ва Бо­цев­ски.

 

СДСМ со туѓ ка­дар на из­бо­ри

Ток­му ва­ква­та по­ста­ве­ност во пар­ти­ја­та го ини­ци­ра пра­ша­ње­то да­ли Пен­да­ров­ски, по при­фа­ќа­ње­то на уло­га­та кан­ди­дат за пре­тсе­да­тел на СДСМ, ќе пре­диз­ви­ка но­ви по­тре­си. Тој и при пар­ти­ска­та но­ми­на­ци­ја бе­ше нај­а­вен ка­ко иден „др­жав­ник“, а со ви­со­ко по­диг­на­та­та ту­па­ни­ца ка­ко да са­ка­ше да по­тсе­ти на Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Ту­ка, се­ка­ко, го­ле­ма уло­га ќе игра­ат стру­и­те што и при из­бо­рот за сме­на на Цр­вен­ков­ски, по­втор­но го но­ми­ни­раа Цр­вен­ков­ски, ме­сто да за­ста­нат зад За­ев или зад дру­го име. Не­за­до­вол­ни­те струи при из­бо­рен по­раз, се­ка­ко, ќе ба­ра­ат сме­на на ра­ко­водс­тво­то. Ме­ѓу нив, се­ка­ко, и пра­те­ни­ци­те на кои им за­вр­ши пра­те­нич­ки­от ман­дат, а по­дол­го вре­ме на­ста­пу­ва­ат со го­лем ан­та­го­ни­зам кон ра­ко­водс­тво­то. Тие пре­диз­ви­ци сто­јат пред За­ев по из­бо­ри­те. Се­ка­ко, и пре­диз­ви­кот да из­ле­зе од сен­ки­те при евен­ту­а­лен по­во­лен ре­зул­тат.

– Ако по­раз­от е убед­лив, то­гаш ќе би­де го­ле­ма ве­ро­јат­но­ста за при­ти­сок за сме­на. Но до­кол­ку е под­нос­лив или, ете да се по­бе­ди, ра­ко­водс­тво­то ќе оста­не, но пра­ша­ње е да­ли Зо­ран За­ев ќе оста­не во сен­ка на Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска – пред­ви­ду­ва Да­ска­лов­ски.

– Спо­јот ме­ѓу Ше­ке­рин­ска и За­ев е еден вид при­мир­је, кое ќе функ­ци­о­ни­ра до пр­ви­от сви­јок. Пар­ти­ја­та ја че­ка ин­те­ре­сен пер­и­од по из­бо­ри­те, ка­ков и да е ре­зул­та­тот – се на­до­вр­зу­ва Бо­цев­ски, кој, пак, до­да­ва де­ка зад за­тку­лис­ни­те игри за пре­у­ре­ду­ва­ње на по­ли­тич­ки­те си­ли по из­бо­ри­те го гле­да Цр­вен­ков­ски, за кој ве­ли де­ка не­ма хра­брост да соз­да­де свое по­ли­тич­ко дви­же­ње.

Во се­кој слу­чај, пред Пен­да­ров­ски и СДСМ е пер­и­од во кој из­бо­ри­те има­ат са­мо уло­га на ини­ци­јал­на ка­пис­ла. Пе­ри­од во кој СДСМ ќе мо­ра да рас­чи­сти со ли­де­ри што зад се­бе има­ат по­ра­зи, па би­ло тоа да е и Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Пен­да­ров­ски, се­ка­ко, е све­сен де­ка при­фа­ќа­ње­то на оваа уло­га мо­же по­тоа да му го на­то­ва­ри це­ли­от пар­ти­ски не­ус­пех на врат, а со тоа и да си ја уништи на­та­мош­ната ка­ри­е­ра во пар­ти­ја­та. До­кол­ку, пак, ус­пее да пре­брои по­ве­ќе лив­чи­ња од тие што ќе ги до­би­јат За­ев и Ше­ке­рин­ска за­ед­но, то­гаш е го­ле­ма ве­ро­јат­но­ста да се нај­де во си­ту­а­ци­ја да се бо­ри и со нив, но и со тие си­ли што се­га му ди­шат во врат на За­ев.

Се­ка­ко, ту­ка е и еден од нај­го­ле­ми­те ри­зи­ци со кои се со­о­чу­ва­ат „дој­ден­ци­те“ во СДСМ, по­со­чу­ва Бо­цев­ски.

– Пен­да­ров­ски по­тек­ну­ва од Со­ци­јал­де­мо­крат­ска­та пар­ти­ја на Сла­вко Ми­ло­сав­лев­ски и на То­мис­лав Чо­крев­ски, а зна­е­ме де­ка нај­иск­лу­чи­тел­на пар­ти­ја, ко­ја не тр­пи лу­ѓе што до­а­ѓа­ат од дру­ги оп­ции, е СДСМ. Тие или не­ма­ат друг из­бор или го пре­ви­де­ле овој факт. Па ќе ви­ди­ме да­ли се­га ќе по­ка­жат ши­ри­на да при­фат чо­век со по­и­на­ков по­ли­тич­ки ба­гаж – зак­лу­чу­ва Бо­цев­ски.

Оста­ну­ва не­јас­но да­ли во СДСМ не зна­е­ле, на­пра­ви­ле пре­вид или, пак, тоа е са­мо дел од та­кти­ка­та за по­ра­зот да се об­ви­ни „не­кој од над­вор“.

(Пишува: Наум Стоилковски | Фото: Игор Ангеловски
Текст објавен во 80. број на неделникот „Република“, 14.03.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top