| четврток, 6 декември 2018 |

Роџер Санчез во Скопје

„Пасворд продакшн“ и „Октопуси ентертеинмент“ ви ја претставуваат сензационалната вечер „Release Yourself“ со настапот на амбасадорот на денс-музиката, продуцент и диџеј Роџер Санчез, кој е награден со „Греми“ .

Еден од најуспешните изведувачи на електронската музичка сцена, на 16 мај 2014 година ќе ја претстави својата нова музика, препознатливите сексапилни вокали и адреналински ритми, на големата забава што ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Последниот настап на извонредниот Роџер Санчез во Македонија беше на ланското издание на „Грин бич фестивал“, на кој успеа да привлече 12.000 вљубеници во неговиот звук и остана запаметен како една од најдобрите забави, кои досега се одржале во Охрид. Годинава, најдобрата електро-денс забава и неверојатната енергија што овој артист на само нему својствен начин ја споделува со публиката доаѓа во вистинскиот момент пред скопската публика и ветува дека забавата „Release Yourself“  ќе биде најголемото загревање пред стартот на летната фестивалска сезона.

Роџер Санчез е едно од водечките светски имиња во хаус-музиката. Познат како “DJ’s DJ” и “Producer’s producer,” Санчез го ужива статусот на господар на жанрот.

Влезниците за забавата „Release Yourself“ со Роџер Санчез се веќе достапни во продажба и тоа по првата промотивна цена од 400 денари. По завршувањето на промоакцијата или по истекот на залихите, билетите ќе чинат500 денари во претпродажба и 600 денари на билетарата на Арена „Борис Трајковски“ на денот на концертот.

Покрај регуларните влезници, во продажба се и ВИП влезници од 1.000 денари, како и ВИП пакети од 5.000 денари кои вклучуваат 4 ВИП влезници, барска маса и 1 шише пијалак по избор.

Регуларните влезници можете да ги набавите преку продажната мрежа на МКтикетс, во салоните на ONE и во Југотон. Продажбата на ВИП влезниците и ВИП пакетите се спроведува само во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top