| четврток, 6 декември 2018 |

Слаткаристика овој петок во Софија

Македонскиот рапер Марко Маринковиќ – Слаткаристика на 21 март ќе настапи во Софија, Бугарија.

По хит-песната на 100 Кила „Аз сам 6” во чијшто видеоспот бугарскиот рапер му се заблагодарува на Слаткаристика за инспирацијата, бугарската публика се заинтересира за нашиот рапер.

Слаткаристика овој петок ќе се настапи во „Софија лајв клаб“ (Sofia Live Club) кој се смета за една од најдобрите клупски сцени, и каде што веќе има настапувано и нашиот најпознат гитарист Влатко Стефановски.

Слаткаристика пред бугарската публика ќе се претстави заедно со македонскиот рапер Аце НЛ и диџеј Оки Доки, а од неговата продукција најавуваат дека наскоро ќе има и соработка меѓу нашиот познат рапер со некои од бугарските рапери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top