
Порталот „Лидер“ ексклузивно ја објавува статијата за Македонија напишана од угледниот светски магазин „Форбс“, кој во мартовското издание во специјална едиција посветена на државата пишува за македонската традиција, култура и историски вредности, а земјата ја споредува со познатиот бисер од Охрид.
Според најновиот извештај на Светска банка за најновите глобални економски перпективи, објавен во јануари 2014 година, македонската економија ќе порасне за 3 проценти оваа година и ќе ги надмине соседните земји Албанија, Бугарија, Грција и Србија. Во исто време Банката на својот извештај „Дуинг бизнис“ за 2013 година ја рангираше државата на високо 25. место во светот за правење бизнис, а особено високо оценки имаше за зголемениот прилив на странски инвестиции, како и лесниот пристап до кредити, пишува „Форбс” во мартовското издание на специјалната едиција на текстови посветени на Македонија.
– Ние сме најотворената економија во регионот. Географската положба е една од нашите главни адути. Ние сме централно позиционирани во југоисточна Европа и единствената земја без јазични бариери со нашите соседи. Во овие услови би ја споредил Македонија со Швајцарија и Австрија: мали земји, но со интерес за водење бизнис со своите соседи – вели министерот за надворешни работи Никола Поповски за „Форбс”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


