| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Антиќ со опасна финта го кандидираше Фарид за новата епизода на „Шектин а фул“

Перо Антиќ го заслужи прекарот Ајсмен од американските коментатори, а одигра прекрасен меч против Денвер нагетс и го израмни личниот рекорд од 16 поени во НБА- лигата.

Првиот македонски кошаркар во најсилната светска лига имаше неколку брилијантни потези, а со „страшна“ финта во финишот на вториот период го кандидираше Кевин Фарид за новата епизода на популарниот серијал на Шекил О`Нил, познат како „Шектин а фул“ (Shaqtin’ A Fool).

Перо тргна кон противничкиот кош, најпрво со финта го исфрли од игра Јан Весели, а потоа му „продаде“ штос и на Кевин Фарид за рутинско положување на баскетот во кошот.

Перо имаше уште неколку одлични моменти, во почетната серија од 8-0 на Атланта постигна 5 поени, а во финишот беше главниот актер за победа на Хоукс. На 42 секунди до крајот од многу тешка позиција и надвор од баланс погоди тројка за предност од 94-92, а потоа на 9 секунди до крајот имаше клучен скок за заверување на триумфот на „јастребите“ од 97-92.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top