Перо Антиќ го заслужи прекарот Ајсмен од американските коментатори, а одигра прекрасен меч против Денвер нагетс и го израмни личниот рекорд од 16 поени во НБА- лигата.
Првиот македонски кошаркар во најсилната светска лига имаше неколку брилијантни потези, а со „страшна“ финта во финишот на вториот период го кандидираше Кевин Фарид за новата епизода на популарниот серијал на Шекил О`Нил, познат како „Шектин а фул“ (Shaqtin’ A Fool).
Перо тргна кон противничкиот кош, најпрво со финта го исфрли од игра Јан Весели, а потоа му „продаде“ штос и на Кевин Фарид за рутинско положување на баскетот во кошот.
Перо имаше уште неколку одлични моменти, во почетната серија од 8-0 на Атланта постигна 5 поени, а во финишот беше главниот актер за победа на Хоукс. На 42 секунди до крајот од многу тешка позиција и надвор од баланс погоди тројка за предност од 94-92, а потоа на 9 секунди до крајот имаше клучен скок за заверување на триумфот на „јастребите“ од 97-92.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


