| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ подобар од Федерер во финалето на Индијан Велс (видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои турнирот Индијан Велс откако во финалето го совлада Роже Федерер со 3-6, 6-3, 7-6.

На Ѓоковиќ ова му е 42. титула во кариерата, а 17. на турнирите од мастерс серијата.

Со овој триумф Ѓоковиќ намали на 17-16 во меѓусебните дуели со Федерер.

Ова е трета титула за вториот светски рекет во Индијан Велс по 2008. и 2011. година. Ѓоковиќ имаше по 28 винери и неизнудени грешки, а Швајцарецот забележа по 34 директни поени и неизнудени грешки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top