– Образованието е приоритет на Владата на Република Македонија. Буџетот за овој сектор е зголемен за 67 отсто и за 2014-та изнесува 22,4 милијарди денари. Од 2011 до 2014 година се изградени, доградени и реконструирани 65 училишта, а до почетокот на новата учебна 2014/2015 година планирана е изградба и реконструкција на уште 15 училишта – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски во отчетот за работата на Владата на РМ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, за 2011-2014.
– Веќе петта година по ред имплементираме концепт на бесплатно образование, односно бесплатни учебници за сите ученици во основното и среднотоо бразование, за што досега се вложени 30 милиони евра. Тој концепт ќе продолжи да се спроведува и понатаму.
Обезбедивме и бесплатен превоз за учениците кои посетуваат училишта кои се оддалечени повеќе од 2,5 километри од нивните домови. Значително е зголемен бројот на стипендии кои се доделуваат за студирање на сите три циклуси на високо образование на престижни странски високообразовни установи, а се доделуваат и голем број други стипендии во различни категории – истакна Груевски.
Го спомна и капиталниот проект за превод на „1000 стручни и научни книги“ од кои се учи на најпознатите универзитети во светот со кој,какошто рече, македонските студенти можат да го стекнат знаењето или да ги добијат информациите кои ги имаат нивните колеги од Оксфорд, Харвард, Шефилд, Кембриџ, Јејл… Досега се преведени 874 наслови.
Во делот на научно-истражувачката област го посочи проектот за набавка и опрема на лаборатории, вочии рамки досега се опремени 80 лаборатории
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



