Во интервјуто што премиерот Груевски го даде за ТВ Сител тој зборуваше за целосната промена на контекстот во кој се одвива економијата откако тој и неговата влада дојдоа на власт во 2006 година.
„Постојаните реформи кои се водат доведоа до промени кои годинава Македонија ја поставија на четврто место во Европа според економскиот раст“ вели Груевски според кого резултатите биле очекувани , а работите се движат во добра ситуација. Економската криза влијаеше на сите земји и на земјите членки но и на нивните партнери но сепак Македонија добро се држеше, вели Груевски.
Тој изјави дека има повеќе области каде што има сериозен раст, индустрија, финансии и други гранки но најголемито импулс го дава градежништвото кое што растот е над 30 проценти. Практично оваа гранка ја влече целата економија затоа што тоа влијае на уште 26 стопански гранки и отвара работни места.
Според Груевски важно е и што буџетскиот дефицит е 3,9 % што е еден од пониските буџетски дефицити во Европа, што значи дека владата внимавала при бумот во градежништвото да не се прават големи задолжувања што се покажува и со четвртото место според задолженост во Европа, вели Груевски за Сител.
„Добрите придвижувања во економијата се дополнети и со зголемување на извозот за 6,1 % што помогнало да се отворат нови работни места“, изјави премиерот.
„Падот на невработеноста од 38 на 28 % е резултат на поголем број на мерки на владата а последната влезе во сила пред неколку дена , со неа младите луѓе до 29 години че можат да најдат работа полесно затоа што работодавците немаат обврска за нив да плаќаат никакви давачки освен платата а ќе мораат да ги задржат на работа две години. Оваа мерка дава резултат на краток рок и затоа ќе важи 2 години“, изјави премиерот.
„Не само кај младите туку и кај севкупната невработеност има придвижувања од 395 илјади во 2006 сега во агенцијата за вработување има 103 илјади невработени кои активно бараат работа а заедно со оние кои написмено се откажале од понуди за работа се 221 илјада или речиси половина од тие што биле невработени кога оваа влада дошла на власт. И сето тоа за време на две крупни меѓународни економски кризи кога во светот растеше бројот на невработени“, вели Груевски според кого сите мерки на владата во промена на бизнис клима, менување на законите, промоција во странство ги дала овие резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Донесена одлука за почеток на јавната расправа за уставните измени
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски


