| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар го декласира Загреб во СЕХА лигата

Македонскиот шампион Вардар најави дека има амбциии да си го врати трофејот од СЕХА – лигата, со убедлива победа против еден од конкурентите Загреб.

Вардарци славеа со 33-24 во меч од регуларниот дел од Регионалното натпреварување, а и двете екипи ќе играат на фајналфор турнирот во Нови Сад.

Вардар играше без најдобриот стрелец Тимур Дибиров, но и без него доминираше. „Црвено-црните“ одиграа цврста одбрана, посебно во второто полувреме и на убедлив начин ги декласираа гостите од Загреб.

По првото полувреме „црвено-црните“ имаа три гола предност, разлика што на крајот беше трипати поголема. Во финишот домаќините имаат и 11 погодоци предност 28-17, но ракометарите на Загреб успеја малку да ја намалат негативата.

За Вардар ова беше и добра увертира пред осминафиналниот двомеч со европскиот првак Хамбург во ЛШ, што почнува во Скопје на 23 март.

Најефикасен ракометар во редовите на Вардар беше Игор Карачиќ со шест постигнати гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top