Цените на хотелското сместување во Бразил за време на одржувањето на Светското првенство во фудбал ќе се зголемат повеќекратно. Според истражување на интернет-страницата „ТрипАдвајзор“, во деновите на Мундијалот цените на хотелските услуги ќе се зголемат за 229 отсто. Светското првенство во фудбал ќе се одржи од 12 јуни до 13 јули.
Тоа е случај со туристичкиот кварт Копакабана каде просечната цена за соба ќе биде 471 евро, што е зголемување за 229 отсто. Во Рио де Жанеиро просечната цена на хотелска соба ќе биде 328 евра на денот кога се играат натпревари, што е зголемување за 107 отсто.
Според весникот „Глобо“, хотелска соба на Тајмс Сквер во Њујорк чини помалку отколку во Рио де Жанеиро во истото време. Во јуни и јули просечната цена за хотелска соба е 89 евра, а во деновите на натпреварите ќе биде 277 евра.
Бразил очекува за време на СП во фудбал да биде посетен од најмалку 600.000 странци.
Бразилскиот министер за спорт Алдо Ребело изјави дека најмалку резервации има за хотелите во североисточниот градот Натал (50 проценти помалку од капацитетите), а најмногу во Рио де Жанеиро (90 отсто од капацитетите).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.