Општина Струмица во соработка со ExploringMacedonia.com и National Geographic е дел од новиот проект Western Balkans кој врши синтеза на туристичките понуди од секоја балканска земја за нејзина глобална промоција.
Проектот ја имаше својата промоција и на најголемиот светски саем за туризам ITB Berlin 2012,соопшти општината.
– Општина Струмица како дел од овој проект се промовира пред целиот свет како дестинација со единствени доживувања во секој период од годината, градејќи силен бренд како една од најдобрите туристички дестинации во Македонија, се вели во соопштението.
Интернет изданието на National Geographic е посетувано од преку 12000 странски интернет корисници како на вебсајтот така и на социјалната мрежа фејбук, каде сите посетители ширум светот може да ја видат со сите нејзини природни убавини, природни или вештачки езера, традиционални настани, фестивали, културни обележја и да ја изберат Општина Струмица како нивна туристичка дестинација.
Со реализацијата на овој проект Струмица добива и Сертификат за препознавање кој ќе биде публикуван на сајтот на Општина Струмица, географско обележување на културните обележја (споменици, црковни објекти) на интернет мапата на сајтот на Западен Балкан на National Geographic, географско обележје на природните богатства како и традиционалните настани специфични за нашата општина.
Извор: Економски.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.