| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓиоски со скршена рака и срце по трагедијата во која загина Милошевски

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, има скршеница на десната рака по големата трагедија за македонскиот фудбал, што се случи синоќа нешто пред полноќ, во која животот го загуби директорот на македонската репрезентација Петар Милошевски.

Во сообраќајната несреќа на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово се скршија и срцата на сите спортисти, спортски работници, навивачи и учесници во македонскиот фудбал, по веста за трагичната смрт на Милошевски.

Во Клиничкиот центар во Скопје се згрижени и Зоран Зафиров, кој има фрактура на базата на черепот, контузија на белодробното крило и скршена карлица. Повредена е и Рахила Илиев, вработена во маркетинг одделот на ФФМ, а и таа и Зафиров биле во возилото марка „пежо“, што го управувал Ѓорѓиоски.

Сериозни повреди има и Живко Босилковски, кој го управувал второто возило, учесник во несреќата, а и тој е задржан во Клиничкиот центар со повреди на вратните пршлени.

Ѓорѓиоски утрово е пуштен на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top