| четврток, 6 декември 2018 |

Човекот што го преживеа проклетството на „Трето полувреме“

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Го не­ма на шпи­ца­та на фил­мот. Ни­ко­гаш не оти­де на сни­ма­ње­то ни­ту, пак, фа­ла му на гос­по­да, не­го­во­то име се спо­ме­на на сце­на­та на би­тол­ски­от Дом на кул­ту­ра­та за вре­ме на ма­ке­дон­ска­та пре­ми­е­ра одр­жа­на на 15 сеп­тем­ври 2012 го­ди­на. А, се­пак, не­го­ва­та лич­на при­каз­на е не­ра­скин­ли­во и тех­нич­ки и емо­тив­но по­вр­за­на со фил­мот. Ко­га во вр­неж­ли­ва­та сеп­тем­ври­ска ве­чер во До­мот на кул­ту­ра­та во Би­то­ла про­ду­цен­тот на „Тре­то по­лу­вре­ме“ им се заб­ла­го­да­ру­ва­ше на си­те што по­мог­на­ле при про­дук­ци­ја­та на фил­мот го гле­дав од стра­на ка­ко се­ди вед­наш над еки­па­та што ра­бо­те­ше на фил­мот и ви­дов де­ка не треп­на. Единс­тве­но што мо­же­ше да се про­чи­та на не­го­во­то ли­це бе­ше за­до­волс­тво­то што по по­ве­ќе од ед­на де­це­ни­ја не­го­ви­от по­стар син е дел од не­што го­ле­мо. Не­што што не мо­же да се ме­ри со скоп­ски или со ма­ке­дон­ски ар­ши­ни. Вид­ли­во не се воз­не­ми­ри ни­ту ко­га ре­жи­се­рот на фил­мот пред сто­ти­ци ег­зал­ти­ра­ни гле­да­чи ка­жа де­ка фил­мот, пред сѐ, е по­све­тен на еден актер, еден ви­стин­ски лик од ори­ги­нал­на­та ФК Ма­ке­до­ни­ја и на не­кол­ку ро­ди­те­ли на нај­важ­ни­те чле­но­ви на автор­ска­та еки­па, кои по­чи­наа за вре­ме на фил­мот. Да не мо­ра­ше да мол­чи, ве­ро­јат­но, пред дру­ги­те, во обид да ги ис­про­во­ци­ра со­го­вор­ни­ци­те, ман­гуп­ски ќе ка­же­ше де­ка не тре­ба да си ге­ни­ја­лец за да сни­миш до­бар филм.

Ча­бу­рот од са­ми­от по­че­ток е дел од при­каз­на­та за „Тре­то по­лу­вре­ме“
goran-kol-01-3rdHalf-3Слав­чо На­сков е са­мо вто­ри­от чо­век што по авто­рот на фил­мот раз­брал за еп­ска­та при­каз­на за Не­та Ко­ен. Пра­веј­ќи ја транс­крип­ци­ја­та на ин­терв­ју­а­та пра­ве­ни за по­тре­би­те на до­ку­мен­тар­на­та се­ри­ја „До­сие Скоп­је“ тој за­ед­но со со­пру­га­та Мил­ка доз­нал за при­каз­на­та уште на кра­јот на два­е­сет­ти­от век, во да­леч­на­та 1998 го­ди­на, ко­га Ми­трев­ски за прв­пат раз­го­ва­рал со Ко­ен.

Ва­ка во мра­кот на про­ек­ци­ја­та са­мо на­сол­зе­ни­те очи што ги кри­е­ше од тие што се­деа до не­го мо­жат да ја рас­ка­жат не­го­ва­та лич­на при­каз­на и чув­ства­та што ги имал до­де­ка го гле­дал фил­мот. Оста­на ми­рен и ста­ло­жен. Да­ли во нап­ли­вот на за­до­волс­тво­то што гле­да ма­ке­дон­ско ре­мек-де­ло про­ду­ци­ра­но од не­го­ви­от син не ја по­вр­за сопс­тве­на­та кар­ма со по­чи­на­ти­те или, пак, не са­ка­ше да си приз­нае де­ка имал го­ле­ма сре­ќа да ја пре­ки­на ло­ша­та суд­би­на и прок­лет­ство на фил­мот што е на до­бар пат да ста­не убед­ли­во најг­ле­да­ни­от ма­ке­дон­ски ки­не­ма­то­граф­ски про­из­вод на си­те вре­ми­ња, до­пр­ва ќе се доз­нае.

goran-kol-01-3rdHalf-2

Роберт со мајка му Милка и татко му Славчо

Слав­чо На­сков, ко­го во Чен­то си­те го зна­ат ка­ко Ча­бур – та­тко­то на про­ду­цен­тот на „Тре­то по­лу­вре­ме“, Ро­берт На­сков, за вре­ме на пост­про­дук­ци­ја­та на фил­мот до­жи­веа ср­цев удар. На­род­ски ка­жа­но, го пре­жи­ве­ал на но­зе. Са­мо бла­го­да­ре­ние на не­го­ва­та упор­ност, ко­ја по вто­ри­от удар му да­ла нат­чо­веч­ка си­ла да се иска­чи пре­ку три­е­се­ти­на ска­ли­ла на вто­ри­от кат од ку­ќа­та на не­го­ви­от со­сед, по­ра­неш­ни­от фуд­ба­лер на Вар­дар Зо­ран Јо­ва­нов­ски – Окац, и бр­за­та ин­тер­вен­ци­ја на еки­па­та на Ит­на­та ме­ди­цин­ска по­мош и на ле­ка­ри­те на скоп­ска­та кар­ди­о­ло­ги­ја, Ча­бур не бе­ше спо­ме­нат на сце­на­та на би­тол­ски­от Дом на кул­ту­ра. Иа­ко не е це­лос­но за­креп­нат, не са­кал ни да чуе да не при­сус­тву­ва на про­ек­ци­ја­та во Би­то­ла. За по­ста­ву­ва­ње стент и за це­лос­но за­креп­ну­ва­ње ле­ка­ри­те со­ве­ту­ва­ле да ми­ру­ва и да по­че­ка уште не­кол­ку не­де­ли, но тој не мо­жел да че­ка, от­па­ту­вал во Би­то­ла и за­ед­но со не­го­ва­та Мил­ка беа нај­гор­ди­те гле­да­чи на пре­ми­е­ра­та на фил­мот. Ка­ко стар скоп­ја­нец не мо­же да не се по­ше­гу­ва со фа­ктот што фил­мот е на­пра­вен од скоп­ја­ни, а се­пак пр­ви го ви­доа би­тол­ча­ни. Ни­ту на ко­кте­лот ор­га­ни­зи­ран во чест на фил­мот во хо­те­лот „Епи­нал“, ни­ту по­доц­на по про­ек­ци­ја­та и отво­ра­ње­то на фе­сти­ва­лот „Бра­ќа Ма­на­ки“ не се по­жа­ли на умор ка­ра­кте­ри­сти­чен за лу­ѓе што са­мо пред не­кол­ку не­де­ли пре­жи­ве­а­ле це­лос­на бло­ка­да на глав­на­та ср­це­ва ар­те­ри­ја. Не са­ка­ше да се жа­ли и да му го рас­и­пе рас­по­ло­же­ни­е­то на си­нот. Осо­бе­но не на де­нот на кој тре­ба да се до­би­јат приз­на­ни­ја­та за тру­дот долг це­ла ед­на де­це­ни­ја и те­жок сто­ти­ци стре­со­ви и не­прос­пи­е­ни но­ќи.

Ре­бе­ка е сѐ уште жи­ва
Со на­деж де­ка овие ре­до­ви не­ма да ја уро­чат да ја спо­ме­не­ме и Не­та Ко­ен, ви­стин­ски­от лик на Евреј­ка­та што во те­кот на Вто­ра­та свет­ска вој­на и фа­ши­стич­ка­та оку­па­ци­ја се ома­жи­ла за пра­вос­лав­ни­от фуд­ба­лер Ко­ста Гроф (во фил­мот ја тол­ку­ва Са­шко Ко­цев) и со тоа се спа­си­ла од ин­тер­ни­ра­ње во ло­го­ри­те на смрт­та. Таа е во дла­бо­ка ста­рост. Има 93 го­ди­ни, жи­вее во Скоп­је за­ед­но со сво­и­те де­ца и вну­ци и е во до­бра здрав­стве­на со­стој­ба, иа­ко го­ди­ни­те по­ле­ка го зе­ма­ат сво­јот да­нок. По­во­зрас­ни скоп­ја­ни, кои се се­ќа­ва­ат на неа од по­во­е­ни­те го­ди­ни или кои слу­ша­ле од пр­ва ра­ка за мла­да­та Евреј­ка, а кои го гле­да­ле „Тре­то по­лу­вре­ме“ би се за­кол­на­ле де­ка ли­кот на Ре­бе­ка, ко­ја во фил­мот ја тол­ку­ва топ-мо­дел­ка­та Ка­та­ри­на Ива­нов­ска, со­од­вет­но ја опи­шу­ва неј­зи­на­та по­ја­ва, гра­ци­оз­ност и лич­ност. И Ка­та­ри­на е су­пер, ама Не­та сво­е­вре­ме­но бе­ше ка­ко Гре­та Гар­бо – е из­ја­ва­та со ко­ја на­ши­те со­го­вор­ни­ци ја откри­ва­ат но­стал­ги­ја­та по ед­но дру­го ми­на­то вре­ме, тол­ку по­и­на­кво од се­гаш­но­ста.

Ве­чен бун­тов­ник, ако го пра­ша­те ка­ко е со здрав­је­то, ќе ви ка­же де­ка ни­што не му е и де­ка мо­же пеш да стиг­не до цен­тар. Па­си­о­ни­ран играч на спорт­ска прог­но­за во ми­на­то­то и ло­ка­лен струч­њак за спорт­ско об­ло­жу­ва­ње. Пен­зи­ја­та не му пад­на те­шко , на при­ну­ден од­мор е од 1995 го­ди­на, ко­га се рас­пад­на фа­бри­ка­та „Хем­текс“, по ко­ја сè уште жа­ли. Ве­ли да не ја уни­штеа граб­лив­ци сè уште ќе има­ше леб за ил­јад­ни­ци­те вра­бо­те­ни во овој не­ко­га­шен со­ци­ја­ли­стич­ки ги­гант. Иа­ко по­ве­ќе од че­ти­ри де­це­нии жи­вее во Чен­то, за­ед­но со со­се­ди што сво­јот ак­цент и на­ви­ки ги до­не­ле со се­бе од Те­то­во, Ва­лан­до­во, При­леп и од мно­гу дру­ги гра­до­ви и се­ла, слу­шај­ќи го не­го­ви­от на­чин на го­вор и че­сти­те ше­ги вед­наш ќе пре­поз­на­е­те де­ка е ро­ден скоп­ја­нец. Иа­ко за тоа ни­ко­гаш не збо­ру­ва отво­ре­но за да не ги на­вре­ди тие што во глав­ни­от град дош­ле од дру­ги­те де­ло­ви на Ма­ке­до­ни­ја, осо­бе­но е горд што рас­тел во ста­ро­то скоп­ско Но­во ма­а­ло. Уште е по­горд што е брат на ле­ген­дар­ни­от Ма­не На­сков, фар-мај­стор поз­нат ка­ко еден од ре­тки­те актив­ни ма­ке­дон­ски филм­ски ра­бот­ни­ци, кои во пос­лед­ни­ве пет де­це­нии би­ле дел од си­те фил­мо­ви што се ра­бо­те­ле во Ма­ке­до­ни­ја. Ќе би­де горд и на си­нот ко­га од Лос Ан­џе­лес ќе се вра­ти со „Оскар“. До­то­гаш оста­ну­ва са­мо на вто­ро ме­сто на се­меј­на­та ска­ла на ус­пе­хот, вед­наш по Ма­не, со пре­поз­нат­лив ху­мор од­го­ва­ра Ча­бу­рот на про­во­ка­тив­но­то пра­ша­ње да­ли бра­тот или си­нот е по­ус­пе­шен филм­ски ра­бот­ник.

Дол­га ли­ста на лу­ѓе што ни­ко­гаш не­ма да мо­жат да го ви­дат фил­мот
Ре­деј­ќи ги си­те на кои е по­све­тен фил­мот „Тре­то по­лу­вре­ме“, а кои ве­ќе не се ме­ѓу жи­ви­те, ре­жи­се­рот Дар­ко Ми­трев­ски на сце­на­та на би­тол­ски­от те­а­тар во ве­чер­та пре­пол­на со ра­дост, емо­ции и со сол­зи по­тро­ши не­во­о­би­ча­е­но мно­гу вре­ме. Со со­вр­ше­на актер­ска тех­ни­ка тој ги скри емо­ци­и­те ко­га ме­ѓу нив го спо­ме­на сво­јот та­тко Бла­жо, кој по­чи­на за вре­ме на сни­ма­ње­то. Са­мо Ми­трев­ски знае ка­де и ка­ко ги скри сол­зи­те и кол­ку е те­шко да се би­де во ко­жа­та на си­нот што не до­че­кал да го спо­де­ли сво­јот нај­го­лем филм­ски ус­пех со сво­јот идол и хе­рој. Ме­ѓу тие што не ус­пе­аа да го до­жи­ве­ат и спо­де­лат ус­пе­хот на сво­и­те де­ца е мај­ка­та на авто­рот на му­зи­ка­та Ки­рил Џај­ков­ски, а еден од ро­ди­те­ли­те во про­це­сот на пра­ве­ње­то на фил­мот за­гу­би и ди­ре­кто­рот на фо­то­гра­фи­ја, Ав­стри­е­цот Кла­ус Фукс­ја­ге, чи­ја­што мај­ка по­чи­на пред еден ме­сец. За жал, са­мо не­кол­ку ме­се­ци отка­ко Ми­трев­ски на­пра­ви ин­терв­ју со не­го, по­чи­на и единс­тве­ни­от до 21 век пре­жи­ве­ан член на еки­па­та на Ма­ке­до­ни­ја, Ва­сил Ди­лев, гол­ма­нот, кој во фил­мот го тол­ку­ва Игор Ангелов.
За би­тол­ска­та пуб­ли­ка, се­ка­ко, нај­та­жен бе­ше мо­мен­тот ко­га Ми­трев­ски пост­хум­но му се заб­ла­го­да­ри на акте­рот и до­а­јен на би­тол­ски­от те­а­тар Ил­ко Сте­фа­нов­ски, кој го на­пу­шти овој свет вед­наш по сни­ма­ње­то на фил­мот. Са­мо гос­под и ле­ка­ри­те зна­ат кол­ку мал­ку не­до­сти­га­ло и име­то на Слав­чо Ча­бу­рот од Чен­то, ро­ден во Но­во ма­а­ло, да би­де слуш­на­то пре­ку оз­ву­чу­ва­ње­то на фе­сти­ва­лот „Бра­ќа Ма­на­ки“. Авто­рот на овие ре­до­ви не­ма­ше си­ла и хра­брост да го пра­ша ка­ко се чув­ству­ва зна­еј­ќи де­ка пре­ки­нал ед­на тра­гич­на ли­ни­ја, ко­ја се за­ка­ни де­ка ќе би­де за­па­ме­те­на ка­ко прок­лет­ство­то на еден филм. Си­гу­рен е де­ка од­го­во­рот ќе би­де во поз­на­ти­от мај­тап­чи­ски стил. – Ме­не ни гром не ме бие, вие мла­ди­те пре­те­ру­ва­те со ди­јаг­но­зи­те – би ре­кол Ча­бур.

(објавено во 5. број на неделникот „Република“, 5.10.2012)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top