| четврток, 6 декември 2018 |

Стамов: На повидок е нов голем скандал во Струмица во кој е вмешан Заев

stamov

Во Струмица е на повидок нов голем скандал, во кој се вмешани Зоран Заев и негови блиски луѓе, изјави денеска Борче Стамов од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во овој скандал повторно, како и досега, се замешани Зоран Заев, неговиот најблизок деловен партнер Горан Крстев, неговиот татко Симеон Крстев, Трајче Заев и ред други блиски луѓе на кланот Заеви. Во Струмица на улица Гоце Делчев бр.56/а постои бензиска пумпа. Оваа бензиска пумпа е во функција и работи. Оваа бензиска пумпа е дивоградба, а е градена во последните две години – рече Стамов.

Оваа бензиска пумпа, како што рече тој, е стопанисувана од фирмата СДА Јавор ДООЕЛ, во сопственост на најблискиот деловен партнер на Заеви, Горан Крстев. Овој човек е еден од оние кои имаат добивано најмногу тендери во Општина Струмица.

– Зоран Заев издал одобрение за градба на оваа бензиска пумпа, но за ова место не постоел Детален урбанистички план. За оваа бензиска пумпа и за нејзиниот нелегален статус се изјасниле сите надлежни инстанци (Министерство за транспорт и Управен суд), при што е констатирано дека постапувањето на Општина Струмица е незаконско. Иако е така, оваа бензиска пумпа денес работи, а Општина Струмица не презема никакви мерки – појасни Стамов.

За да биде иронијата поголема, како што рече тој, денес Заев ги користи сите механизми со кои би успеал сега, односно после изградбата и почетокот со работа на оваа бензиска пумпа да ја легализира.

– Во целиот скандал се замешани повеќе фирми, како а.д. „Индустријал Струма“, во сопственост на фамилијата Јаневи, кои, пак, се ортаци со братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев во фирмата „Пелагонија“, повторно една од фирмите кои  често добивале тендери во Струмица. Документите од Општина Струмица гласат токму на оваа фирма, но бензиската ја стопанисува сосема друга фирма, онаа која ви ја споменавме СДА Јавор ДООЕЛ. Очигледно е дека не се избира ниту начин ниту средства, како кланот Заеви и нивната огромна мрежа од фирма да приграбат сѐ што можат во Општина Струмица. Се кршат закони, се градат дивоградби, се делат тендери, се вработуваат роднини. Општина Струмица работи за Заеви – истакна Стамов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top