
Наместо голема бучава и инсистирање на „принципи“, САД и ЕУ според српскиот весник „Курир“, кој се повикува на австрискиот„Дер Стандард“, би можеле да му понудат на првиот човек на Русија „срамна трговија“. Ќе ги прифатат резултатите од претстојниот референдум за спојувањето на Крим кон Русија, а за возврат ќе бараат Путин јавно да ја признае независноста на Косово, пишува „Курир“.
„Поаѓајќи од фактот дека САД, ЕУ па дури и НАТО не можат многу да направат против руската намера да го врати Крим „дома“, односно дека полуостровот настанал со мнозински руски народ, со волја на челници на СССР, е откинат од Русија и даден на „братската“ Украина, највисоките функционери на западните земји, би можеле да направат отстапка за Путин, но за возврат Русија да го признае Косово како држава, односно да ја прифати волјата на неговите жители.
„Дер Стандард“ исто така истакнува дека целта на Западот е да воспостави стабилност во Украина, која би требало да стане прозападно ориентирана земја, додека од друга страна, Киев ќе им гарантира права на граѓаните од руското говорно подрачје и бар на кратко време ќе се одрече од влезот во НАТО.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба


