Изложбата „Илина и македонските уметници на пат кон Монт Еверест“ ќе биде отворена в петок во 18,30 часот во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ). Изложбата е наменска и продажна со цел собирање средства за поддршка на долгонајавуваната експедиција „Прва Македонка на Монт Еверест“ која трета година се одложува поради немање пари.
Освен ликовни дела на Илина изложбата ја поддржаа со донирање на слики и други експонати уште дестина автори од разни генерации на македонската ликовна сцена. Меѓу учесниците ќе бидат: Миро Масин, Горјан Ѓорѓиев, Решат Амети, Симонида Филиповска Китановска, Жанета Гелевска Велјаноска, Урош Вељкович, Драгица Ристеска, Никола Пијанманов, Билјана Каровска, Ивана Младеновска, Др.Душан Јовановски, Ведран Бојановски, Весна Радисиќ, Маријана Петкова и др.
Изложбата ќе ја отворат претставници на американската амбасада во Скопје и сопругата на американскиот амбасадор Пол Волерс, Мери Волерс, и Анџела Егелер задолжена за односи со јавност во американската амбасада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.