Сега можам и да умрам среќен, а не спиев цела ноќ пред почетокот на снимањето на мојата омилена серија „Сплетки“ (Only Fools and Horses), изјави Дејвид Бекам, откако учествуваше во сетот на снимањето на специјалот со легендарното семејство Тротер. Бекам е голем обожавател на Дел Бој и на Родни, главните јунаци од „Сплетки“.
Премиерата на новата епизода во која и Бекам има своја улога ќе биде на 21 март.
– Од дете сум голем обожавател на серијата. Пораснав во источен Лондон и за мене оваа серија е една од најдобрите во историјата на филмската индустрија. Кога ги сретнав Дел Бој и Родни се радував како дете. Тие се легенди – изјави Бекам.
„Сплетки“ е мошне популарна и во Македонија, каде што авантурите на семејството Тротер се следеа со уживање, а ќе биде интересно да се види комбинацијата во новиот специјал со Бекам, Дел Бој и Родни, како главни актери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.