Над илјада напуштени села во Шпанија се продаваат по цена на просечна куќа во Европа. Рецесијата што ја зафати Шпанија ги натера жителите на оваа земја да го продаваат земјиштето и куќите во руралните краишта, а цените се движат од 60 до 240 илјади евра.
Евентуалните купувачи со издвојување на оваа сума пари може да станат сопственици на куќа со три соби, пет помошни објекти, извор на вода, како и на околното обработливо земјиште.
Според податоците на агентите за недвижности, во Шпанија има 2.900 напуштени села. Кога рецесијата првпат ја зафати земјата во 2007 година, сопствениците на овие имоти избегале во градовите во потрага по работа.
Некои од овие имоти веќе ги купиле странци, најмногу Британци, со намера да направат идилични места за себе кога ќе заминат во пензија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето


