Кон крајот на идната недела ќе биде решен проблемот со ресторанот на скопското Кале, најави за „Телеграф“ првиот човек на Управата за заштита на културното наследство, директорот Виктор Лилчиќ.
„Во координација со Управата за имотно-правни односи, кон крајот на идната недела ќе се постапи кон дислокација на инвентарот од ресторанот што се наоѓа на археолошкиот локалитет. Скопското Кале е споменик на културата од прва категорија и согласно законските прописи за заштита на културното наследство, секаков таков објект како што е ресторанот мора да биде дислоциран“, објаснува Виктор Личиќ.
Откако почнаа интензивните археолошки истражувања на скопското Кале, од 2007 година до денес, Управата не успеа да најде заедничко решение со сопственикот на објектот.
Дислоцирањето на ресторанот, како што велат археолозите, е неопходно за извршување на целосни археолошки истражувања на локалитетот негова конзервација и реставрација, како и промоција пред пошироката јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на предновогодишна прослава во Куманово: Пијан маж се тепал со гости, па го нападнал и обезбедувањето
-
Вугринец повторно во Скопје: Почнав нова епизода, го отворив овој ’стрит бар’ и мислам дека имам што да понудам!
-
Големото срце на Ноле: Ѓоковиќ отвора ресторан во кој ќе дели храна на бездомници
-
Летна во воздух ресторан во Албанија, над 20 повредени (ФОТО+ВИДЕО)