| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија се промовираше на најголемиот саем за туризам во Берлин

Во текот на шестдневното промовирање македонскиот штанд беше посетен и од голем број новинари, меѓу кој и од почитуваниот и успешен новинар од областа на туризмот Перци фон Липински од „Си-Ен-Ен“, со кого е договорено да ја посети Македонија и да сними спотови за нејзина промоција

berlin саем

Македонија преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) ја промовираше својата туристичка понуда на најголемиот саем за туризам во Берлин, Германија, што се одржа од 5 до 9 март.

На саемот учечстуваа 180 земји и приближно 11.000 излагачи од областа на туризмот. На саемот туроператорите, агенциите, хотелите, авиокомпаниите, системите за резревирање ја нудат комплетната туристичка понуда.

Македонските туристички потенцијали беа презентирани на геманскиот пазар со нов дизајн на штандот, видеоматеријал од промотивната кампања „Македонија вечна“ и нови промотиви материјали изработени за германскиот пазар.

– Присуството на вакви саеми за Македонија се повеќе од нужни. Не само што обезбедуваат видливост за помалку познати туристички дестинации на светската турискичка карта, туку се и добра можност за општа презентација на земјата. Комплетната туристичка понуда е мозаик од културата, традицијата, природните богатства, храната виното, сонцето и гостопримливоста на една земја, а во тој дел Македонија има што да понуди. И оваа година понудивме убава и разнолика разгледница за нашата земја на најголемиот саем за туризам во светот – изјави амбасадорката на Република Македонија во Берлин, Корнелија Утевска – Глигоровска.

Во текот на шестдневното промовирање македонскиот штанд беше посетен и од голем број новинари, меѓу кои и од почитуваниот и успешен новинар од областа на туризмот Перци фон Липински од „Си-Ен-Ен“.

– Со него е прелиминарно договорена посета на Македонија и изработка на видеоспотови за најзначајните туристички потенцијали на нашата земја – изјави директорот на Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски.

АППТ организираше и свечен коктел со вкусна традиционална македонска храна и вино, со што привлече голем број на посетители кои не останaa рамнодушни од новата атрактивна дестинација на Балканот и пошироко. Особено заинтересирани за културниот, активниот и винскиот туризам, како и кружните тури низ балканот вклучувајќи ја и нашата земја.

Од втората половина на март почнуваат саемите во Гетеборг и во Москва на кои Македонија ќе се промовира како веќе препознатлива туристичка дестинација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top