| четврток, 6 декември 2018 |

Пелегрини: Сити не смееше да испадне од Виган

Менаџерот на Манчестер Сити Мануел Пелегрини смета дека неговата екипа не смеела да дозволи пораз од Виган во четвртфиналето на ФА купот.

– Екипа како Сити не смее да си дозволи ваква елиминација, а на крајот од натпреварот имавме уште три, четири одлични шанси да дојдеме до изедничување. Сепак, Виган играше добро и заслужи да одат во полуфинале. Ние игравме лошо и во нападот и во одбраната – вели Пелегрини.

– Се ближи крајот на сезоната и тоа што е важно е екипата да покаже реакција по поразот. Сега нѐ чека и ренавшот со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампиони, ќе биде тешко, но ќе се обидеме да изненадиме. По тоа, мораме да се концетрираме повторно да бидеме лидери во Премиерлигата – додаде Пелегрини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top